Фото: Rehyphen

Кога сингапурскиот уметник и основач на Rehyphen Џесика Чуан Ји Ксин пронашла стари касети во нејзината соба, таа решила да ги искористи за креирање облека од материјалот, пренесува Inhabitat.

Малку генијалност и експериментирање ја навеле да го развие MusicCloth, облека направена од преработени магнетни ленти. Таа има направено фустани, чанти, торбици за пазарење и сл.

Според Обединетите нации, во 2016 година е генериран речиси 45 милиони метрички тони електронски отпад – што претставува зголемување од 8 проценти од само две години претходно.

Како застапник за заштита на животната средина, Чуан го создала MusicCloth за да ја подигне свеста за рециклирање и глобалниот проблем на е-отпадот. Чуан го развила иновативниот дизајн по девет месеци истражување и развој, користејќи касети што и ги донирале пријателите и семејството.

Во 2016 година, таа започнала успешна кампања на Kickstarter која не само што и ги зголемила средствата потребни за кревање на проектот на следното ниво, туку и овозможила и да собира касети од донатори од целиот свет.