Со многу музика и забава, многу деца и врвулица од луѓе, во Градскиот парк во Скопје, кај популарната школка викендов се одржа тричасовен хепенинг со кој Халк банка ја претстави својата најнова понуда –ризико кредити со животно осигурување која банката ја реализира во партнерство со Кроација осигурување живот.

Во текот на настанот 60 дечиња од три основни училишта со моливи, бои и четкички го доловуваа своето сфаќање и видување на темата Животот е убав под чие мото се организираше настанот. Креативните детски рачиња создадоа цртежи кои ќе помогнат, барем донекаде, животот да биде поубав и за децата од Домот за деца без родители 11 Октомври. Сите создадени дела на малите уметници ќе бидат изложени во филијалата на Халк банка и во текот на ноември понудени на продажба на деловните клиенти на банката, а собраните средства потоа ќе бидат донирани во Домот.

Многу луѓе имаше и пред тркалото на среќата бидејќи секое свртување и давање одговор на едноставни прашања врзани за најновата понуда на Халк банка обезбедуваше награда. И сето тоа во убава, весела атмосфера, со многу смеа и шеги за што беше задолжен познатиот водител Марко Новески. Дечињата и посетителите ги дружеше и Елена Ристеска која беше гостин на настанот.

Несекојдневниот хепенинг кој имаше и хуманитарен карактер, што е во согласност со политиката на Халк банка како општествено одговорна компанија, беше дел од промотивната кампања на банката за кредити со животно осигурување со кои се обезбедува заштита и сигурност на сите корисници на кредити од несакани случаи. Во понудата се Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор станбениот кредит и Хипотекарниот кредит со кои се нудат атрактивни услови, како можност за земање поголем износ на кредит, подолг рок на отплата, а кај одредени производи и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка.

Кредитите со животно осигурување се реализираат во партнерство со Кроациа осигурување живот, чии стандардни полиси за осигурување живот – basic, premium, ekskluziv и Коко детско штедно осигурување, сега се достапни и во сите филијали на Халк банка.