Драги читатели, во претходната колумна дискутиравме за начинот како да се превенира вознемирувањето на работното место и како истото да биде целисходно и за работниците и за работодавачите и тоа како двете страни да се заштитат и од вознемирувањето и од скапите адвокатски и судски трошоци.

Споменавме неколку фази кои треба да бидат спорведени и од работодавачот и вработените.

Бидејки веќе е познато дека во судската практика досега не е забележана Пресуда со која би се утврдило вршењето (мобинг) односно вознемирување на работното место, следниов текст нека биде мал водич за тоа како да бидете сигурни дека е превземено дејствие од надлежните по поднесување на барање за заштита од вознемирување на работното место, или дека некој ваш вработен ќе биде заштитен по спроведените мерки од страна на одговорното лице назначено од работодавачот-правно лице, работодавач – физичко лице и др, како и самио факт дека веќе обезбедувате докази за поведување на судски спор доколку помирувањето е без успех.

По поднесувањето на барањето  за заштита од воземрување на работното место, работодавачот е должен ВЕДНАШ, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на барањето на страните во спорот да им предложи посредување како начин на разрешување на спорниот однос и да им предложи да изберат лице од листата на посредници.

Ако страните и работодавачот на можат да се спогодат за избор на посредник, одговорното лице кај работодавачот е должно во наредниот рок од 8 дена по истекот на рокот во кој им е предложено посредување, на вработениот кој смета дека е изложен на вознемиување на работното место, да му достави писмено известување дека не е избран посредник.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ТУЖБА

Од денот на доставувањето (или не доставувањето во наведениот рок) на писменото известување  дека не е избран посредник , отпочнува да тече рокот од 15 дена, за поднесување на тужба до надлежниот суд за заштита од вознемирување на работното место.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ

Постапката за посредување кај раотодавачот е ИТНА И ЗАТВОРЕНА ЗА ЈАВНОСТА.

Постапката за посредување посредникот треба да ја врши во рок од 15 дена. Податоците прибрани во текот на постапката можат да се соопштуваат само на учесниците во постапката и нивното изнесување претставува повреда на работните обврски.

Посредникот е должен да постапува независно и непристрасно на начин за да им помогне на страните да постигнат спогодба.

МОЖНОСТ ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА СИНДИКАТ

Во постапката за посредување, на барање на страните во спорот, може да учествува и претставник на синдикатот во кој членува вработениот, односно претставник на вработените.

ТЕК НА ПОСТАПКАТА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ

Страните можат да се спогодат за начинот на кој ќе се спроведува постапката за посредување а доколку не постигнат спогодба, посредникот ќе ја спроведе постапката за посредување на начин на кој смета дека е адекватен, имајки ги во предвид околностите на спорниот однос и интересите на страните, со почитување на начелото на итност. Тој може…

  • Да води заеднички или одвоени разговори со страните, како и
  • Во согласност со едната страна на другата страна да и пренесе и достави предлог и ставови за одделни прашања.

По потреба, посредникот во текот на постапката може да направи разговори и со лица кои се предложени како сведоци од страна на страните во спорот.

Посредникот изготвува извештај за секое превземено дејствие за направените разговори со страните и со сведоците.

УСПЕШНО ПОСРЕДУВАЊЕ (ПОСТИГНУВАЊЕ НА СПОГОДБА)

Постапката за посредување е успешна доколку страните во постапката се спогодат. Во случај посредникот во рок од 3 дена од денот на завршувањето на постапката за посредување ИЗГОТВУВА СПОГОДБА КОЈА СОДРЖИ ПРЕПОРАКИ за вршителот на вознемирување на работното место и за работодавачот за:

  • Престанокот на вознемирувањето
  • Начинот на отсранување на можностите за продолжување на вознемирувањето на работното место
  • Преместување на вработениот во друга работна просторија, односно на друга локација

Спогодбата ја потпишуваат двете страни и посредникот. Работодавачот е должен да постапи по препораките од спогодбата.

НЕУСПЕШНО ПОСРЕДУВАЊЕ

Ако страните во постапката не постигнат спогодба, посредувањето е неуспешно.

При неусшешно посредување, посредникот е должен во рок од 3 дена од завршувањето на постапката за посредување да изготви ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДЕКА НЕ ПОСТИГНАТА СПОГОДБА, односно дека посредувањето е неуспешно.

Писменото известување за неуспешно посредување се доставува до двете страни и до работодавачот.

ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Во текот на постапката за посредување страните може со писмена изјава да се откажат од натамошното водење на постапката.

Во таков случај посредникот е должен во рок од 3 дена од добивањето на изјавите да донесе заклучок за запирање на постапката. Заклучокот посредникот го доставува до двете страни и работодавачот.

МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Ако на вработениот, според мислење од овластена здравствена установа која врши дејност медицина на трудот, му е нарушена здравствената состојба поради вознемирувањето на работното место, работодавачот е должен до завршување на постапката за заштита од вознемирување на работното место:

  • Вработениот привремено да го премести во друга работна просторија, односно работна средина.

МЕРКИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НА ВРАБОТЕНИОТ

Работодавачот може на вработен кој врши вознемирување на работното место или злоупотреба на правото за заштита од вознемирување на работното место да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, односно за повреда на работните обврски согласно со закон. Тоа се следните мерки според ЗРО :

  • Предупредување
  • Парична казна

Доколку на вработениот на кого му била изречена мерка, во рок од 6 месеци повторно изврши вознемирување, работодаваот може:

  • Да му го откаже договорот за вработување, односно
  • Да му изрече мерка престанок на работниот однос.

ЗАШТИТА НА УЧЕСНИЦИТЕ  ВО ПОСТАПКАТА

На работодавачот изречно му е забрането вработениот кој ја повел постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и на учесникот во таа постапка во својство на сведок, нсоновано, само заради постапката да:

  • Го стави во понеповолна положба во поглед на остварување на права и обврските од работен однос
  • Поведе постапка за утврдување на дисиплинска, материјална и друга одговорност
  • Му го откаже договорот за вработување
  • Прогласи престанок на работниот однос од деловни причини (прогласување на технолошки вишок)
  • Во рок од 2 години од денот на поведента постапка за заштита од вознемирување или од денот кога учествувал како сведок во постапката за заштита од вознемирување на работното место.

СУДСКА ЗАШТИТА

Вработениот кој не е задоволен од исходот на постапката за заштита од вознемирување на работното место кај работодавачот, или ако вршителот на вознемирувањето е работоводен орган  кај работодавачот –правно лице, односно физичко лице-работодавач, може да поднесе тужба до надлежен суд. Споровите за заштита од вознемирување имаат карактер на работни спорови. Во постапката по споровите за заштита од вознемрување на работно место се применуваат одредбите од законот за парнична постака.

ВИДОВИ НА ТУЖБЕНО БАРАЊЕ

Вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работното место со тужба може да бара:

  • Утврдување дека претрпел вознемирување на работното место
  • Забрана за вршење на однесувања кои претставуваат вознемирување на работното место, односно забрана за повторување на вознемирување на работното место
  • Преземање на дејствија заради отстранување на последици од вознемирување на работно место и
  • Надместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирување на работното место.

ТОВАР НА ДОКАЖУВАЊЕ

Ако во текот на постапката тужителот го сторил веројатно постоењето на вознемирување на работното место , товарот на докажувањето дека немало конкретно однесување кое претставува вознемирување на работното место е на тужениот.

ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ

Пред започнување или во текот на постапката судот може на предлог на странката да одреди ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ заради спречување на насилничко однесување или отстранување на недамостлива штета. Во привремени мерки спаѓаат:

  • Забрана за приближување до работното место на вработениот и
  • Забрана на тлефонирање и комуницирање (вербалнои/или електорнски)

Жалбата против решението за изрекување на привемени мерки не го задржува извршувањето на Решението.

ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Инспекцискиот надзор на спроведување на Законот за заштита од вознемирување на работното место врши органот на државната управа надлежна за работите на иснпекцијата на трудот.

Сведоци сме на многубројни ситуации од нашите досегашни работни искуства, како и од наши пријатели кои секојдневно ни ја раскажуваат борбата со вознемирувањето на работното место. Се надевам дека овој текст ќе Ви биде од помош и ќе Ве охрабри да го превземете првиот чекот во борбата против оваа појава, како и тоа да влијате за подигнување на свеста кај жртвите кој секојдневно го живеат работниот век на ваков начин.

Извор: Про Агенс (Прирачник за работните односи)

Фото: Pixabay