Фото: Pixabay

Во секојдневниот живот, најчесто се потпираме на самите себе и на ресурсите кои ги имаме околу нас. Сакаме да го постигнеме она што сами сме си го зацртале, но понекогаш и повеќе од тоа.

Но, таквиот концепт на живеење и работење, во денешно време, е просто незамисливо. И не само што не е замисливо туку сè повеќе и повеќе го менуваме и се вртиме кон соработка со надворешни соработници.

Секојдневната работа си тече вака или онака, но со надворешни соработницитаа може да оди само на подобро. Причината е многу едноставна: сакале или не, да си признаеме, не можеме да бидеме добри во сè!

Во работата со надворешни соработници може да откриете голем број недостатоци кај вашиот концепт на работење, но и да го подобрите, како и нов начин на гледање на вашата работа. Идејата за користењето на надворешни соработници е подобрување на вашата ефикасност и ефективност.

За да биде сето ова навистина лесно и успешно остварливо, потребно е да направите добра селекција на надворешни соработници со кои ќе соработувате. Затоа:

  • Препорака – соработувајте со фирми или со луѓе кои ќе ви ги препорачаат и тоа препораката да не биде од кого било, туку баш напротив, од луѓе кои имале слична или иста мака,па успешно ја преминале. Изберете соработник со кои другите компании или луѓе, на кои им верувате, имале успешна соработка.
  • Анализа – прво направете анализа на тоа што сакате да го подобрите во вашето работење, па барајте соодветни надворешни соработници.
  • Промени – бидете подготвени дека со најмувањето на надворешни соработници, неминовно е да дојде до промена во вашето работење, но и на целиот тим. Што побргуги прифатите, вие и вашиот тим, толку побргу работите ќе се променат на подобро.
  • Споделување на информации–бидете подготвени дека голем број информации кои до сега само вие или мал дел од вашиот тим ги знаеле, сега ќе треба да ги знае и некој од надвор. Тоа и не е толку страшно, но за да се заштитите, со секој надворешен соработник имајте договор.
  • Договор за соработка – задолжително да го имате тоа потпишано, а посебен акцент да ставите на одливот или на приливот на информациите, обврските кои треба да бидат исполнети и кои се очекувањата од страните. За некои работи не може веднаш да ги мерите резултатите и немојте да бидете толку строги околу нивното дефинирање.

Надворешните партнерства и поотворените работни односи треба да бидат цел на секоја компанија или работа која ја работите. Со фокусирање на она што го правите најдобро и аутсорсинг на деловите во кои другите се специјалисти, можете да го направите вашиот бизнис побрз и да ги зголемите можностите за напредување.

Со успех во промените.