Фото: Pexels

На прашањето зошто бизнисите и стартапите пропаѓаат, не може да се даде едноставен одговор. Постојат многу причини. Во продолжение неколку од нив.

Преголема самодоверба

Претприемачите кои се веќе успешни имаат голема самодоверба. И тоа обично е добра работа. Без самодоверба никој не би ни почнал сопствен бизнис. Сепак, често се случува самодовербата да се претвори во ароганција. И како резултат на ова не ретко се случува бизнисот да “трпи“.

Проблеми на пазарот

Една од главните причини зошто стартапите и бизнисите пропаѓаат е затоа што наидуваат на проблеми на пазарот. Тоа е најчесто поради недоволна информираност за побарувачката на пазарот. Можеби пазарот за нивниот производ е премал или луѓето едноставно немаат доволно пари да го купат тој производ или услуга

Погрешно време за производ

Може да се случи производот да биде “напреден“ за пазарот и купувачите едноставно да не бидат подготвени за поинаков пристап.Друг проблем може да биде тоа што во дадениот момент нема побарувачка за конкретниот производ или услуга. Купувачот мора да има “нерешлив“ проблем за да го купи производот. Производ што не решава проблем, прави проблем и е само една од причините зошто бизнисите пропаѓаат.

Недостаток на бизнис план

Уште една причина зошто бизнисите пропаѓаат е бидејќи не прават долгорочен бизнис план или што е полошо немаат никаков план. Без ваков документ многу потешко е да ги убедите инвеститорите и партнерите во вашата визија.

Преголема амбиција

На почетокот, лесно може да  помислите дека никој не може да ја заврши работата како вас и дека само вие знаете се` за вашиот производ или услуга. Ваквото размислување може само да го “поткопа“ бизнисот. Побарајте совет од експерти, најмете професионалци и не бидете премногу горди да кажете дека постојат работи што не ги знаете.