Можеби се прашувате зошто продуктивноста на вработените во последно време опаѓа. Ова се најчестите причини за тоа.

Лоша комуникација

Комуницирањето е двонасочна улица. Работодавачот треба да комуницира со своите вработени, но исто така треба да им даде можност и самите да кажат доколку имаат некоја грижа, молба или идеја. Лидерот е должен да ги известува своите луѓе за случувањата во компанијата. Ако вработените знаат каде се движи бизнисот и кои се неговите цели, ќе имаат увид каде точно е нивното место и што и како треба да прават.

Погрешно менаџирање

Доколку менаџерот лошо ја врши својата работа, не може да очекува висока продуктивност кај вработените. Негова задача е да увиди каде е потребно и потоа да ги имплементира потребните стратегии за зголемување на продуктивноста. Доколку не е доволно компетентен тоа да го спроведе работата ќе стагнира. Вработените нема да имаат насоки, ниту пак ментор кој треба да им покаже што и како треба да се заврши. Следствено мотивиција ќе опаѓа, а со тоа и целокупното работење во компанијата.

Незадоволство кај вработените

Генерално незадоволните вработени се непродуктивни работници, и обратно, среќен и задоволен тим “раѓа“ добри резултати. Она што може да се направи во овој случај е да се одберат вистинските работници за вистинското работно место. Доколку тоа се постигне заедно со задоволителни услови за работа продуктивноста ќе биде на високо ниво.

Непризнавање на сработеното

Кога некој вработен ќе постигне одлични резултати, работодавачот треба тоа да го признае и награди. Во случај тоа да не биде така останатите работници ќе забележат и едноставно ќе престанат да се трудат.  Понекогаш доволно е и пофален збор, потенцирање на сработеното пред останатите или симболичен подарок. Исклучителните резултати мора да се признаат, а бидејќи секој вработен е различен, добро би било и прилагодување на признанието/наградата според потребите на работникот или на групата работници од истиот тим.

Фото:Pixabay