Apple е една од најпрестижните компании во светот, па оттука не треба да изненадува фактот што добивањето работа таму не е ни малку лесно, пишува Business Insider.

Еве неколку необични и збунувачки прашања, што оние кои сакаат да станат дел од Apple мора да ги одговорат.

Ако имате две јајца и сакате да дознаете која е највисоката точка од која можете да го испуштите без да го скршите, како ќе го направите тоа? Кое е оптималното решение?

Објаснете му на петгодишно дете што е RAM.

Како функционираат крилата на авионот?

Имате шолја кафе и малку ладно млеко од фрижидерот, а собната температура е помеѓу тие две. Кога треба да го додадеме млекото во кафето за да добиеме најфино кафе?

Нацртајте ја внатрешната архитектура на iPhone.

Колку деца се раѓаат секој ден?

Набројте пет начина на мерење на количината на бензин во автомобилот?

Имате 100 парички поставени на масата, од кои 10 се свртени со глава, а 90 со писмо, а не можете да ги видите, почувствувате или на кој било друг начин да дознаете која паричка со која страна е свртена нагоре. Поделете ги паричките во две групи, така што во секоја група ќе има ист број на парички свртени со глава нагоре.

Објаснете му на 8 годишно дете како работи модемот/рутерот.

Дали сте паметни?

Изгледате прилично позитивно, што е тоа што ви го “спушта“ расположението?

Имате три кутии, едната содржи само јаболка, другата само портокали, а третата и јаболка и портокали. Кутиите се погрешно означени, така што ни една ознака не оовозможува да се препознаат работите кои ги содржи. Без да гледате во кутиите, вадите едно овошје. Гледајќи го овошјето како можете сите кутии да ги означите правилно?

Што Ве донесе овде денеска?

Ако добиете кутија со парички и од неа треба да извадите три, така што ќе добиете комбинација писмо-глава-глава. Кои се шансите да ја извлечете баш таа комбинација?

Како ќе го пробате тостерот?