666666666666

Фото: IndieGoGо

Flow Hive 2 е нова верзија од веќе постоечкиот проект од 2015 година, со нови и подобрени карактеристики.

Револуционерната кошница за мед сега има прозорци за набљудување на двете страни, коишто овозможуваат поголем увид во фасцинантниот свет на пчелите додека ја полнат кошницата со мед.

Единствениот систем за контрола на вентилацијата, овозможува да се зголеми или намали протокот на воздух, во зависност од временските услови. Покривот на Flow Hive 2 сега има и подобрена заштита од месинг и е целосно безбеден во неповолни временски услови, додека за подобро “собирање“ на медот додадени се шест дополнителни рамки и држачи.

Ова е најфинансираната кампања на IndieGoGо.  Досега креаторите на проектот татко и син од Австралија, имаат испорачано 51.000 нарачки во 130 земји.

Производот досега има собрано повеќе 14, 5 милиони долари на платформата и за да ја прослави три годишнината од постоењето ја нуди Flow Hive 2 по намалени цени од 699 долари.

Првите испораки ќе бидат во јули годинава.