Компанијата Naked Labs со седиште во Сан Франциско креираше паметно огледало што го скенира телото во 3D технологија, врши детална анализа и помага за добросостојбата на корисникот. Огледалото наречено Naked доаѓа заедно со ротирачка подлога и мобилна апликација.

Во него има вградени специјални Intel RealSense сензори коишто “длабински“ ги скенираат предметите во три димензии. Штом корисникот ќе застане на ротирачката подлога, којашто работи на батерии, огледалото го скенира телото и го праќа добиениот 3D модел преку Wi-Fi или Bluetooth на апликацијата.

Системот зема мерки од вратот, рамената, градите, рацете, половината, стомакот, колковите…и ги користи за го добие процентот на маснотиите, масното ткиво и тежината. Според добиените резултати креира фитнес цели за добивање на најдобра можна форма на телото, а со тоа и подобро здравје.

Цената на овој производ изнесува 1395 долари.

Фото: Naked