Фото: Pixabay

Во април оваа година, се издадени 240 одобренија за градење, што е за 3,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.309.660.000 денари, што е за 14,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (50,8%) се наменети за објекти од високоградба, 35 (14,6%) за објекти од нискоградба и 83 (34,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 240 објекти, на 122 (50,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (49,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 стан, со вкупна корисна површина од 28.249 метри квадратни.