Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 1,3%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1%, додека во приградскиот превоз е намален за 1,7%, во меѓуградскиот превоз за 26,8%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 25,7%.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е намален за 7,8%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,1%, во приградскиот превоз за 4,9%, во меѓуградскиот превоз за 27,4%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,3%.

Во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 11,4%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2,5%, додека во приградскиот превоз е намален за 2,3%, во меѓуградскиот превоз за 24%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 16,6%.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 14,9%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 6,2%, во приградскиот превоз за 2,5%, во меѓуградскиот превоз за 26,4%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21%.