Фото: Pexels

Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 0,1%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,2%, во меѓународниот превоз за 13,4%, додека во приградскиот превоз е зголемен за 8,5%, а во меѓуградскиот превоз за 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 18,4 %. Според видот на превоз, бројот на превезени патници во меѓународниот превоз е зголемен за 26,3%, додека во градскиот превоз е намален за 19%, во приградскиот превоз за 22,5%, а во меѓуградскиот превоз за 2,2%.
Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 0,5%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 5,6%, во меѓународниот превоз за 12,8%, додека во приградскиот превоз е зголемен за 12,3 %, а во меѓуградскиот превоз за 12,1%.

Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број на патнички километри е намален за 2,2%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 31,6%, во приградскиот превоз за 4,8%, во меѓуградскиот превоз за 3,3%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28,1%.