Фото: Pixabay

Бројот на туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,7%, а бројот на ноќевањата е намален за 4,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јануари 2019 година изнесува 49.021, а бројот на ноќевањата изнесува 102.691.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 8,4%.