Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви на крајот на февруари достигнаа ниво од 2.864.300.000 евра, што е за 13,1 милиони евра помалку во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

На крајот на февруари лани, вкупните девизни резерви изнесуваа 2.566.300.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви на државата отпаѓаат на хартии од вредност, коишто заклучно со 28-ми февруари имаа вредност од 2.269.300.000 евра, односно 45,4 милиони евра повеќе од јануари.

Валутите и депозитите во февруари изнесуваа 333.800.000 евра, што е намалување за 59,8 милиони евра во според со претходниот месец.

Државното монетарно злато минатиот месец вредеше 257.900.000 евра, еден месец претходно 256.400.000 евра, додека на крајот на февруари лани беше 237.800.000 евра.