Фото: Pexels

Истражувачи од Универзитетот во Мериленд, САД создадоа нова батерија од цинк базирана на вода, којашто е појака и побезбедна од традиционалната литиум-јонска батерија, пишува Techexplore.

Батериите базирани на вода може да бидат клучни за спречување на пожарите во електрониката, но нивното складирање и капацитет за енергија до сега беа ограничени. Новата батерија за прв пат ќе може да се натпреварува со литиум-јонските батерии во енергијата и издржливоста, но без ризик од експлозија или пожар.

Истражувачкиот тим вели дека оваа технологија на батерии веќе ги поставува темелите за понатамошни истражувања и се надеваат на можна идна комерцијализација.

Освен во електрониката за секојдневни употреби, овие батерии ќе можат да се користат и во екстремни услови, односно да ги подобрат перформансите на возила во вселената, во војската и во длабочините на океаните.