Фото: University at Buffalo

Група истражувачи од Универзитетот во Бафало пронајдоа начин за речиси 100% прочистување на водата. Тие креираа уред што користи сончева светлина и црна хартија со јаглерод којашто е сместена во триаголен аранжман и овозможува испарување и апсорпција на водата со апсолутна ефикасност.

Оваа идеја воопшто не е нова, имено, уште пред 2.000 години Аристотел опишал таков процес, разликата е во тоа што новиот уред има способност да постигне ултра висока ефикасност и да произведува вода за пиење со побрзо темпо отколку што е теоретски пресметана при природна сончева светлина, пишува Futurity.

Уште една предност на овој уред е употребата на ефтина технологија за негова изработка, којашто дава рекордни перформанси за екстремно ниски цени на материјалите и со тоа буквално може да биде распродадена во региони каде што чистата вода за пиење е хронично недостапна или пак на места погодени од природни катастрофи.

Инаку, за сега, овој уред е со големина на мини фрижидер и секој ден може да генерира 10-20 литри чиста вода за пиење.