Фото: Pixabay

Сите имаме лоши навики, а често не сме свесни за истите. Некои дури и ја саботираат нашата продуктивност и крајните резултати. Прочитајте во продолжение  што НЕ треба да правите.

Го озборувате шефот

Озборувањето на вашиот шеф нема да ви донесе ништо добро. Доколку ова го правите немојте да очекувате зголемување на плата или унапредување.

Се однесувате како да знаете се

Не само што делува арогантно и безобразно, туку и се дистанцирате од останатите колеги со ваквото однесување. Ако се однесувате како да сте подобри од другите ќе си направите само проблеми.

Ги обвинувате останатите

Доколку го вперувате прстот во другите луѓе и нив ги обвинувате затоа што ви недостасуваат вештини, искуство или добра проценка, не очекувајте да добиете симпатии од нив, ниту позитивни критики од претпоставените.

Премногу сте емотивни

Бесот, самосожалувањето и останатите емотивни испади нема да ви донесат ништо добро.  Луѓето ќе заклучат дека не можете да ги контролирате своите емоции и да се носите со стресот, а тоа секако не ви оди во прилог.

Ја мразите својата работа

Цинизмот и презирот кон моменталната работа ја убива секоја желба да се докажете. Не секој е задоволен од тоа што го работи и условите на работното место, но ако не можете во моментот ништо да смените, едноставно прифатите ја ситуацијата каква што е.

Молчите на состаноците

Секогаш кога ќе премолчите некоја ваша идеја, не барате појаснување за нешто што не ви е јасно, испраќате порака дека сте незаинтересирани, а некој кој е незаинтересиран не може да напредува во кариерата.