Фото: Pexels

Продавачите неретко трошат голема енергија за сите со кои ќе воспостават контакт да ги претворат во потрошувачи и постојани клиенти. Понекогаш ова се случува поради недоволно знаење и вештини, а понекогаш затоа што се концентрираат само на почетокот или на крајот на процесот.

Сепак почетокот и крајот на процесот на продажба не се подеднакво важни како она што се случува во средината. Ако сакате да станете успешни во продажбата и да остварите голем профит за себе и за својата компанија, следете ги следните чекори.

Секогаш имајте ја на ум вашата цел

Ако не знаете зошто зборувате со купувачот, разговорот најверојатно ќе биде губење и на вашето и на нивното време. Дури и ако сте ги викнале само за да воспоставите контакт и да изградите однос, пронајдете причина поради која и купувачот ќе чувствува дека има “корист” од вашиот повик.

Направете неколку истражувања

Пред да викнете купувач на состанок, дознајте дали има новости во индустријата или во нивната компанија. Проверете на три места: бизнис вестите, веб страната на купувачот или (ако е веќе ваш клиент) погледнете ги податоците што ги имате во архивата.

Планирајте го разговорот

Зависно од вашата цел и она што сте го научиле при истражувањето, направете листа на прашања што ќе ги поставите во текот на разговорот. Прашањата направете ги со цел подобро да ги разберете потребите на вашиот потенцијален купувач.

Направете кратка листа. Доколку го натрупате со многу прашања, може да помисли дека сте агресивни или очајни. Подобро е да поставувате прашања што се отворени и неодредени, отколку да ги проширувате со детали. Ако на купувачот нешто му е нејасно тој ќе побара да му објасните, а токму така отворате простор за разговор. Ако веднаш на почетокот “сервирате” се`, сами си го скратувате просторот за разговор.

Фаќајте белешки

Фаќањето белешки во текот на разговорот е подеднакво важно како и самиот разговор. Во спротивно, може да не се сетите што секој од клиентите ви кажал, како ни што ви ветил или сте му ветиле.