Овие психолошки трикови ќе ви го олеснат животот и ќе ви помогнат да се “справите“ со многу стресни ситуации. Не само што ќе добиете забавни одговори на многу ситуациски проблеми, туку и ќе научите да менаџирате со секојдневни “ситни“ проблеми кои понекогаш знаат да израснат во фрустрација.

Кога група на луѓе (или цело друштво) се смее, луѓето инстинктивно гледаат во правецот на личноста која им е најблиска или со која би сакале да бидат блиски.

Џвакајте мастика или јадете доколку работите нешто што ве прави нервозни, бидејќи на тој начин ќе го “излажете“ својот мозок дека не сте нервозни.

Ако некој ви е лут, останете смирени, иако во тој момент можеби уште повеќе ќе ви се налути, подоцна ќе му биде срам од потегот.

Ако некој ви дал само половичен одговор на прашањето кое сте му го поставиле, продолжете да го гледате во очи и ништо не зборувајте. Во таков случај луѓето претпоставуваат дека одговорот е недоволен и сами продолжуваат да зборуваат.

Никогаш не зборувајте или не пишувајте “јас мислам“ или “ јас верувам“. Тоа секако се подразбира, а звучи како да имате недостаток на самодоверба.

Пред интервју, на примр за работа, замислете си дека личноста која ќе ве интервјиура е ваш близок пријател. На тој начин само вие ќе имате контрола над вашата перцепција, а сепак ќе се чувствувате поопуштени.

Ако покажате среќа или возбудување кога ќе видите или сретнете драги луѓе, следниот пат кога ќе се видите тие сигурно ќе покажат среќа во уште поголема мера ( на пример, кучињата тоа го прават секојдневно)

Луѓето секогаш ќе прифатат помала услуга, откако ве имаат одбиено еднаш или двапати.

Многу физички ефекти на стресот се исти како и ефектите на воодушевувањето (тешко дишење, забрзана работа на срцето итн). Ако ја преформулирате својата ситуација како предизвик, вашиот стрес ќе стане возбуда.

Повеќето луѓе не успеваат да ја препознаат разликата помеѓу генијалноста и самодовербата. Ако изгледате како да знаете што правите, луѓето ќе имаат тенденција да се соберат околу вас.

Фото: Pixabay