Ако сакате да бидете пример за вреден и достоен работник, потрудете работниот простор да биде професионален, да изгледа чисто и соодветно со концептот на работните задачи.

Овие неколку работи не треба да се најдат на работната маса.

Чинии и чаши

Многу е нехигиенски на вашето работно биро да стојат празни или полупразни чинии и чаши подолго време. Разбирливо е чаша вода, сок или кафе во одреден период од денот, сè друго е неприфатливо.

Премногу налепници/потсетници

Понекогаш потребно ни е нешто што ќе не потсети за одредена задача, рок и слично. Но, работната маса не смее да биде преплавена со разни налепници и потсетници и да делува хаотично.

Непристојни фотографии/календари

Не само што е непристојно, туку е и сосема непрофесионално да ставате фотографии и календари со провокативна содржина што не доликува за едно работно место.

Отворена чанта

Личните работи треба да останат лични. Тимот не мора да знае што носите во чантата. Затоа, колку и да се брзате, затворете ја и ставете ја на прикладно место.

Играчки

Можеби вам ви делуваат слатки и интересни играчките од вашето дете, сепак работната меса не е место за нив. Освен ако не работите во таа индустрија, канцеларијата треба да биде максимално професионална, без дополнителни “одземачи“ на вниманието.

Козметика

Чешли, парфеми, дезодоранси, разни креми… нивното место е во бањата или во чантата. Се случува да ви бидат потребни во текот на денот, но нивната употреба треба да биде дискретна, во тоалетот. Третмани за убавина пред тимот не се дозволени.

Цигари

Сте одбрале да бидете пушач, но тоа не значи дека треба да бидете и непристојни. Кутијата цигари чувајте ја на дискретно место, а не на масата каде што треба да работите.

Фото: Pixabay