Фото: Pexels

Без разлика дали сакате луѓето да ве сакаат, да се сложуваат со вас или да ги купуваат вашите производи , употребете ги овие совети во секојдневната комуникација.

Употребете “мамец“ за да продадете нешто

Ако имате потешкотии при продавањето на поскапиот од двата производи, размислете за тоа во понудата да додадете трета опција чија единствена функција ќе биде оној поскапиот производ да изгледа попримамливо. Третиот производ би требало да има иста цена како поскапиот, но да биде помалку привлечен. Не заборавјте дека производот што го продавате мора да биде квалитетен, бидејки во спортивно користа ви е краткорочна.

Разговарајте на “неутрален терен“

Доколку преговарате со некого, направете го тоа во кафуле или ресторан наместо во соба за состанок, односно канцеларија. Луѓето, објаснуваат психолозите, почесто се нервозни кога околу себе гледаат предмети што ги поврзуваат со работа, отколку кога се опкружени со неутрални објекти.

Зборувајте брзо

Кога некој не се сложува со вас, зборувајте побрзо за соговорникот да има помалку време да процесира што точно сте кажале. Овој совет не го користет за лажење, секако.

Наместо глагол користете именки

Ако користите именка наместо глагол, ќе оставите впечаток дека сте член на одредена група на која е добро да се припаѓа. Затоа на пример прашајте: Колку ви е важно да бидете учесник?, наместо: Колку ви е важно да учествувате?.