Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во ноември 2018 година, во споредба со октомври 2018 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во ноември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 2,2%, додека во однос на декември 2017 година се зголемени за 1,8%.