Фото: Pixabay

Стапката на невработеност во последното тримесечје од минатата година изнесува 19,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во тој период, стапката на активност е 56,9%, а стапката на вработеност 45,9%.

Активното население во Македонија опфаќа 957.609 лица, од кои вработени се 771.806, а 185.803 лица се невработени.