НЛБ Банка во периодот од 05.12.2018 до 15.01.2019 година организира наградна игра за сите корисници на NLB Pay мобилниот паричник.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на NLB Pay мобилната апликација. Наградната игра е наменета за физички лица, постојни корисници на NLB Pay, како и за новите корисници кои во периодот на наградната игра ја имаат активирано NLB Pay мобилната апликација и имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.

Во рамки на наградната игра ќе бидат доделени 112 дневни награди (дневно по два добитници на Bluetooth слушалки и два добитници на полнач за мобилен телефон) и шест неделни награди – мобилен телефон Samsung S9.

Извлекувањето на наградите ќе се одвива секој работен ден а добитниците ќе бидат објавувани на www.nlb.mk.

Последното извлекување ќе биде спроведено на 16.01.2019 година.