Noonchi е систем за вежбање што се монтира на канцелариско столче, овозможувајќи вежбање додека се седи. Не зафаќа воопшто простор, лесен е за користење и се прилогодува според потребите и желбите на корисникот. Создаден е да обезбеди целосно активирање на секој мускул без голем напор.  Појасите доаѓаат во два сета со тежини коишто варираат од 900 грама до девет килограми.

Корисникот може да додава тежина на појасите ако сака да направи мускулна маса или да намали отпор за соговрување на мастите. Овие појаси можат да се стават на повеќе места на столчето што овозможува и различни вежби за различни делови од телото.

Пакетот Noonchi содржи вкупно 10 парчиња меѓу коишто се прикачувач за столче, четири појаси со различен отпор, два држача и торба за носење.

Системот за вежбање има своја кампања на платформата Kickstarter којашто трае уште 28 дена. Првите испораки се очекуваат мај/јуни годинава.