Фото: Starbucks 
Најголемиот ланец на кафетерии во светот, Starbucks додаде нов пијалак во своето мени, пишува CNN. Станува збор за кафе направено од прав од белки, коешто може да се порача топло или ладно.
Ова е дел од заложбата на Starbucks дополнително да ја подобри продажбата на ладни и топли пијалаци и да ги “натера“ клиентите да пробаат нешто ново и малку поинакво од досегашните фрапучина.
Како инспирација за новиот производ послужил шпанскиот познат пијалак наречен leche merengada, којшто вклучува млечни производи во својот состав. Кафето, освен прав од јајца, содржи и млеко, а доаѓа со арома на цимет и карамел.