НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб. Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги.

Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти, и тоа првите сто клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.