На шести овој месец,  ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во општина Чаир.

Новата експозитура на ТТК Банка АД Скопје, во голем и современ простор, што се наоѓа на улицата Кемал Сејфула бб, ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

Со отворање на новата експозитура во Чаир, ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно седум филијали, 20 експозитури и два шалтера ширум републиката.