Фото: КБ

Комерцијална банка претстави нова Mastercard® Wizz Air кредитна картичка, што е првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија, се вели во соопштението.

Новата картичка ги нуди сите бенефиции на кредитна картичка прифатена секаде во светот, а со неа корисникот добива предности и бонуси што се достапни преку специјалната Програма за лојалност:

  • Гратис 600 поени за добредојде (1 поен е еднаков на 1 денар)
  • Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот за пониски цени за корисникот на картичката и 5 патници кои патуваат со него (редовна цена од 60 евра годишно)
  • Бонус поени со секое купување:
    • 4% од износот на трансакција направена на www.wizzair.com
    • 2% од износот на сите други трансакции
  • Дополнителни картички за најблиските и многу други поволности.
За Mastercard® Wizz Air картичката се аплицира преку преку експозитурите и филијалите на Комерцијална банка. Повеќе детали на следниот линк.