Здружението Хуманост без граници Прилеп и сајтот www.donacii.mk, ја известуваат јавноста дека на Google Play store и Apple App store објавена е мобилната апликација ДОНАЦИИ достапна за сите телефони кои имаат Android или IOS оперативен систем.

Апликацијата ги прикажува сите активни апели за помош за лекување за кои има донациски броеви и овозможува брзо и едноставно донирање. Корисна е за сите оние кои сакаат да донираат некому а не знаат кој има потреба од помош или имаат потешкотии да се снајдат со сите апели и точните броеви за донации.

Апликациите можат да се симнат на следните линкови.
За IOS – https://itunes.apple.com/mk/app/donacii/id1078774760
За Android – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.humanost.donacii