Фото: Hublot 

Швајцарскиот производител на луксузни часовници, Hublot престави нов часовник под линијата Big Bang. Моделот е наречен Meca-10 P2P и истиот ќе може да се купи само со биткоин. Часовникот беше креиран во чест на десетгодишнината од постоењето на криптовалутата.

Hublot на внатрешноста на часовникот ќе ја изгравира трансакцијата со биткоин, откако истата ќе биде направена, што значи дека секој купувач ќе има уникатен часовник.

Според моменталната вредност на биткоин, Meca-10 P2P  ќе чини 25.000 долари.

Сепак нема да биде лесно да се дојде до ограничената залиха од 210 часовници, бројка што потсетува на глобалниот лимит на биткоин 21 милион. За да се осигура дека плаќањата ќе бидат во ред, Hublot се здружи со компанијата OS Limited (OSL) од Хонг Конг. OSL ќе врши проверка на секој купувач и секоја апликација ќе мора да добие одобрување пред финалната испорака, со цел да се спречи плаќање со нелегална криптовалута.