Фото: Pexels

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 98 поскапува за половина денар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар. Бензинот Еуросупер БС – 95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за еден денар, па нивните нови цени ќе бидат 62, односно 48,50 денари за литар.

Цената на дизелот Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари и ќе чини 60 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 денари и во следните две недели ќе биде 31,121 ден/кг.