Фото: Pexels

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цена на горивата за следните две недели. Според

Согласно Методологијата за формирање на цените, истите се зголемуваат во просек за 3,90%. Така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00
ден/лит во однос на претнодните цени.

Според тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава 73,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 75,50 ден/лит, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 65,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,397 ден/кг и со тоа неговата цена сега изнесува 34,534 ден/кг.