Украинецот Макс Гавриленко ги создаде првите рамки за очила од кафе и лен, коишто освен што имаат неодолива арома се и биоразградливи. Ochis Coffee за разлика од стандардните пластични рамки се разградуваат 100 пати побрзо и стануваат природно ѓубриво за растенија, пишува Inhabitat.

Рамките можат да се прилагодат на секакви диоптриски стакла и форми на лицето, а клиентите можат да си одберат од четирите бои на поларизирани леќи, отпорни на гребење со соодветна UV заштита.

Гавриленко го развил својот талент и креативност уште како дете додека го гледал својот татко како работи во продавница за оптика.

Додека повеќето слични компании се фокусираат на производи од бамбус за рамките, тимот на Гавриленко разви процес што ја елиминира нафтата и наместо тоа користи биополимер добиен од компресирани зрна кафе, прав од лен и природен лепак од соино масло.

На крајот на својот “животен век“ рамките природно ќе се разградат за околу 10 години и ќе станат ѓубриво.

Наскоро се очекува производот да има и своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter. Цената на Ochis Coffee ќе биде помеѓу 69 и 120 долари.

Фото: Facebook