Овој викенд, односно во недела во три часот по полноќ, започнува зимското сметање на времето. Часовникот се поместува еден час наназад и времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето започнува на 28-ми октомври и ќе трае до последниот викенд во март 2019 година, кога ќе започне летното сметање на времето.

Одлуката е објавена во Службен Весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.