Охридска Банка АД Скопје ќе изврши исплата на дивиденда во бруто износ од 68 денари по акција.

Се известуваат сите иматели на обични акции дека банката ќе врши исплата на дивиденда за обични акции во пари со датум на пресек 01.06.2018 на акционерската книга според кој се определува правото на дивиденда за 2017 година.

Исплатата на дивидендата за 2017 година ќе започне на 12.06.2018 година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциска сметка за исплата на дивидена истото да го направат со достава на податоците во Централата на банката – ул Орце Николов бр.54 Скопје, во екпозитурите на банката, на телефонските броеви 046 201 711 и 046 201 712, или на емаил
obinfo@ob.com.mk.