Охридска банка ги известува своите корисници дека старите ОТП токени (Уреди за генерирање на еднократна лозинка) нема да може да се користат за најава на електронското банкарство за физички лица после 08.06.2018 година.

Банката ги замолува клиентите да ја посетат најблиската експозитура и да извршат замена на ОТП
токенот со новиот мобилен токен (М-токен). Мобилниот токен е мобилна апликација за генерирање на еднократна лозинка.

Апликацијата М – токен е бесплатна за сите корисници и истата е достапна на Google Play Store или Apple App Store. Апликацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Покрај мобилниот токен на располагање корисниците го имаат и стандардниот УСБ токен, стои во соопштението на банката.