ОКТА 40 години е синоним за сигурна и безбедна испорака на квалитетни горива на домашниот пазар и во регионот. Токму годинава, компанијата, која е главен снабдувач со горива во земјава, го одбележува својот 40-годишен јубилеј.

Денес ОКТА го поседува најсовремениот логистички систем и напредна технологија со што обезбедува врвен квалитет на своите производи и услуги. Како дел од групацијата Хеленик Петролеум, компанијата е поврзана насекаде во регионот и важи за најсигурен партнер, предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати. Преку малопродажната мрежа од 26 современи бензински станици распространети ширум земјата, на крајните корисници ОКТА секогаш им гарантира точна количина и проверен квалитет.

Значаен сегмент од работењето на ОКТА опфаќа и грижата заздравјето и безбедноста на своите вработени, како и заштитата на животната средина. Долгорочната посветеност на компанијата кон грижата за заедницата, е препознатлива по бројните општествено одговорни практики кои имаат за цел да создадат вредности и придобивки за целата заедница.

Чекорејќи 40 години по патот на успехот, ОКТА останува да биде фокусирана кон постигнување одржлив развој, притоа секогаш стремејќи се да обезбеди редовно и непречено снабдување на пазарот,со горива со европски квалитет.

Одбележувајќи го сето она што го има постигнато, ОКТА јубилејната кампања ја започна со објавување на видео спот, во кој на модерен и стилизиран начин се прикажани вредностите кои се препознатлив белег за брендот – современа, ефикасна, транспарентна и одговорна компанија која чекори напред.

Видео записот може да го погледнете на следниов линк.