Општина Центар во текот на летните месеци ќе организира проектот На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене под слоганот “Остави го таблетот, симни се пред зграда“, чијашто цел е заживување на маалскиот живот и стимулирање на уметничките вештини кај најмладите жители на општината.

Првиот настан во рамките на овој проект ќе биде Ликовна работилница, која ќе се одржи во среда (04.07.2018) со почеток во 18:00 часот во паркот во Капиштец.

Настанот е од отворен карактер.