Фото: Kickstarter

OTH се патики направени од рециклирани гуми. Дизајнот е минималистички и безвременски, а моментално се достапни во три бои: бела, сива и светло розова.

Интересно кај овие патики е што кај секој пар ѓонот е различен, затоа што материјалот којшто се користи за него е земен директно од рециклирана гума. Од таа причина нивната трајност е неограничена. При процесот на изработка инволвирани се 12 работници, каде секој е задолжен за одреден детаљ.

Околку 300 милјарди гуми се произведуваат годишно, на светско ниво, што е 43 пати повеќе од вкупната светска популација. Поради тоа што тие не се биоразградливи, ја загрозуваат животната средина. OTH патиките помагаат барем малку да се реши овој проблем – со секои три пара изработени патики, се рециклира една гума.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Париз, Франција и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 19.311 долари, од потребните 11.965 долари, а кампањата трае уште 24 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.