Мебел-Ви со задоволство ги известува сите клиенти и партнери дека и официјално започна со работа новиот продажен центар во Кавадарци. Супер модерниот објект од 3.000м2 е убедливо најголемиот продажен објект во Тиквешијата и веќе станува прв избор на сите кои имаат потреба од квалитетно парче мебел во овој дел од државата.

“Оваа наша најнова инвестиција во Кавадарци, е потврда дека веруваме во потенцијалот на пазарот за мебел овде, и со ова го потврдуваме нашиот придонес во развојот на регионот во целина. Мебел-Ви е присутен во Кавадарци повеќе од 12 години и со оваа наша најнова инвестиција ја зацврстуваме позицијата на компанијата во овој регион и одговоривме на потребата на купувачите за централна локација каде секој може на најдостапен и најлесен начин да избере од скоро 1.000 производи кој ги нуди групацијата Мебел-Ви од сите брендови и трговски марки.” изјави извршниот директор на компанијата Влатко Тасев.

Дополнително од компанијата изјавуваат дека заедно со овој салон, во моментов компанијата располага со продажно – изложбен простор од над 18.000м2 на 7 локации низ Македонија, со што Мебел-Ви се етаблира како најголемата компанија за мебел во државата. Мебел-Ви на домашниот пазар се развива веќе 21 година, а успешно извезува на странските пазари повеќе од 15 години.

Во новиот објект, лоциран на Западен Булевар, се вработени 4 лица. Салонот работи од понеделник до сабота од 08 до 20 часот, а се нуди и бесплатна достава низ целиот Тиквешки регион. Освен гарнитури за седење се нудат и производи од сите категории за секоја просторија во домот или канцеларијата.

По повод отворањето на салонот се нудат попусти и до 40% на многу артикли до крајот на месецот јули.