Четиринаесеттата Coca-Cola Активна зона од големиот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola кој се реализира веќе трета година по ред, викендов беше поставена во Битола.

Лоцирана во централното градско подрачје, во т.н Парк на шампиони, Coca-Cola Активната зона е место во кое граѓаните од сите генерации ќе можат да се рекреираат и дружат.

“Среќни смешто денеска, во прекрасната Битола, продолжуваме со реализација на добро познатиот  проект  Coca-Cola Активни зони. Со оваа, 14-та Активна зона по ред, битолчани им се придружуваат на илјадниците граѓани ширум Македонија кои ќе ги ползуваат придобивките од ова место и ќе се дружат со своите сограѓани со кои делат исти навики и имаат исти интереси. Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, продолжуваат со реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на граѓаните, како постулат за создавање и одржување насилно општество, сега, но и за во иднината“, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.

На настанот по повод отворањето на 14-тата по ред Coca-Cola Активна зона, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, присуствуваа бројни претставници од битолските спортски друштва, жители од сите генерации, како и претставници од општината.

Проектот Coca-Cola Активни зони кој започна во 2016 година е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola. Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а наскоро ќе биде поставена уште една Coca-Cola Активна зона, со која ќе се заокружи третиот циклус на проектот за 2018 г. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои Coca-Cola фудбалскиот куп и бесплатните паркиралишта за велосипеди.