Денес во Топанско Поле во општина Чаир, во присуство на многу граѓани од сите возрасти, рекреативци, реномирани спортисти и спортски друштва, како ипретставници на локалната самоуправа и претставници на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје, свечено беше пуштена во употреба единаесеттата Coca-Cola Активна зона.

Чаирската Coca-Cola Активна зона го означува почетокот на третиот циклус од проектот, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште четири Coca-Cola Активни зони во различни општини.

“Навистина сум среќен што Coca-Cola Активните зони станаа препознатлив синоним за дружење и рекреација иместо за инклузија на сите граѓани од различни категории, кои имаат исти интереси – дружба и спортување. Ветувањето што го дадовме во 2016 година, дека нашите заеднички Coca–Cola Активни зони ќе никнат ширум Македонија, го потврдуваме и денес со отворањето на првата од петте овогодишни зони штоќе се постават во периодот што следува. Сигурен сум дека жителите на Чаир ќе го сакаат ова спортско-рекреативно место за дружење, ќе се грижат за него и вистински ќе уживаат во времето поминато овде. Особено сме горди на Coca-Cola Активните зони, затоа што тие се уште една потврда за нашите долгорочни заложби за придонес во заедницата и за вложување во проекти од кои придобивките ги ползуваат сите граѓани на Македонија“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

Инаку Coca-Cola Активните зони се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.

Проектот Coca-Cola Активни зони е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење.Имено, како дел од истата платформа, во изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализирааниза успешни проекти, меѓу кои Coca-Cola фудбалскиот куп, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 10-те Coca-Cola Активни зони од 2016 и 2017година за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.