Дизајнерското студио typified, со седиште во Мелбурн, Австралија креираше паметен постер што се менува во текот на денот покажувајќи ја временската прогноза.

Постерот “користи“ паметно мастило и мал компјутер поврзан за интернет коишто овозможуваат истиот да ја прикаже надворешната временска состојба. Мастилото ја менува својата боја во зависност од одредени стимули.

Оваа технологија му овозможува на малиот компјутер да “соработува“ со паметното мастило, во овој случај водејќи се од податоците за моменталната временска прогноза – како што се менува времето надвор така се менува и мастилото на постерот.

Постерот може да се постави било каде и се поврзува со WI – FI конекцијата во собата, а покажува временска прогноза во четири различни периоди од денот осум наутро, 12 напладне, четири попладне и осум часот навечер.

Различните типови на време се групирани во три симболи: врнежливо, облачно и сончево.

Производот има и својата кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter.

Фото: Kickstarter