Фото: Pixabay

Domino’s развива технологија којашто има задача да провери дали секое парче пица ги задоволува стандардите за квалитет, пренесува Restaurantdive.

Оваа технологија базирана на вештачка интелигенција, ќе биде применета во рестораните во Австралија и Нов Зеланд.

Станува збор за специјална камера – DOM Pizza checker, што ќе го проверува квалитетот на пицата пред да дојде до потрошувачите. Софтверот на камерата е развиен со машинско учење, го скенира секое парче пица и проценува дали е направено “според спецификациите на франшизата на Domino’s“. Камерата, на тој начин, би можела да го препознае видот на пицата, да анализира дали состојките се соодветно измерени и распоредени, за да може да процени дали пицата ќе биде испорачана до потрошувачот или ќе треба да се подготви нова.