Фото: Pixabay

Нова алатка на Google ќе му сигнализира на корисникот доколку неговата лозинка не е доволно сигурна и подложи на хакерски напад, пишува BBC.

Оние што го користат Google Chrome можат да ја преземат алатката наречена Password Checkup, којашто ги следи логирањата на различни веб страни. Така, кога некој ќе употреби корисничко има и лозинка што не се доволно безбедни, Google испраќа предупредување за промена на лозинката.
Алатката којашто е достапна само за прелистувачите на Chrome, е дизајнирана од експерти по криптографија од Универзитетот Стенфорд и од Google.
Лозинките и корисничките имиња ќе бидат шифрирани така што Google нема да може да ги види.