Стартапот од Алабама, VI Enterprises, создаде уред којшто ги алармира сопствениците доколку случајно во автомобилот заборавиле дека оставиле патник или милениче. Наречен е Payton’s Charm според девојче кое починало од топлотен удар, откако татко ѝ ја заборавил заклучена во автомобилот.

Уредот е наменет да биде постојано вклучен во системот на напојување на автомобилот, но може и да работи самостојно цел месец со едно полнење на батеријата.

Функционира на тој начин што преку интегриран акцелометар детектира кога автомобилот ќе престане да се движи и почнува да ја следи температурата во возилото. Освен температурата, го мери и нивото на јаглерод диоксид. Доколку детектира дека нивото на CO2 се зголемило (поради издишување на патник или милениче) и ако температурата значително порасне, Payton’s Charm испраќа порака до корисникот.

Ако сопственикот не реагира на истата уште една порака стигнува до следниот означен број за итни случаеви. Во случај и тоа да не биде забележано направата ги алармира службите за итна помош и праќа GPS координати.

Payton’s Charm моментално има кампања на платформата Kickstarter.