Фото: Pixabay

Најголемо учество во структурата на извозот имаат претпријатијата што ги извезуваат своите стоки на пазарите на земјите членки на Европската унија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Големите претпријатија учествуваат со 78,4% во вкупната вредност на пазарот на ЕУ. Пазарот на земјите членки на ЕУ се издвојува како најатрактивен и на страната на увозот. Половина од реализираната вредност на овој пазар е остварена од големите претпријатија.

Најголемо учество во структурата на извозот имаат претпријатијата што ги извезуваат своите стоки на пазарите на земјите членки на ЕУ. Претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија имаат најголемо учество и според бројот на претпријатија, 47,1% и според реализираната вредност, 91,9%. Пазарот на земјите членки на ЕУ се издвојува како најатрактивен и на страната на увозот. 45,8% од претпријатијата, според нивниот број, припаѓаат во секторот Трговија, а според реализираната вредност, претпријатијата од секторот Индустрија учестуваат најмногу, односно со 58,3%.

Претпријатијата чиј интензитет на извозот е во интервалот до 24 % во структурата на стоковната размена имаат најголемо учество според нивниот број, a според реализираната вредност, се издвојуваат претпријатијата со интезитет на извозот од 75% и повеќе. Ова укажува дека овие претпријатијата се ориентирани повеќе кон странските пазари.

Најголемо учество од 42,5% во вредноста на извозот е реализирано од претпријатијата што имаат од 15 до 19 земји партнери, а на страната на увозот најголемо учество од 65,5% во вредноста е реализирано од претпријатијата што имаат 20 или повеќе земји партнери.

Производите на преработувачката индустрија на страната на извозoт имаат најголемо учество во стоковната размена и се реализирани од претпријатија што му припаѓаат на секторот Индустрија. Производите на преработувачката индустрија имаат најголемо учество и на страната на увозот, при што овде разменетите стоки се реализирани од претпријатија што му припаѓаат на секторот Трговија.

Според седиштето на претпријатијата, најголем извоз е регистриран во Скопскиот регион, 54,8%, а претпријатијата од овој регион имаат остварено и најголем увоз, 68,2%. Најмал обем на надворешнотрговска размена е остварен од претпријатијата со седиште во Североисточниот регион.

На страната на извозот, кај претпријатијата што се јавуваат како извозник и увозник истовремено, највисока вредност на извозот е реализирана од претпријатијата од секторот Индустрија (88,4% од вкупниот извоз). На страната на увозот се забележува истата појава, односно 53,3% од вкупниот увоз е реализиран од претпријатијата од секторот Индустрија што се јавуваат како увозник и извозник истовремено.

На страната на извозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија (51,6%), а во создавањето на вкупната вредност во секторот Трговија учествуваат со 34,9%. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 2,9% во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот Индустрија учествуваат со 78,7%.

На страната на увозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија (63,1%), а во создавањето на вкупната вредност во секторот Трговија учествуваат со 26,3%. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 1,6% во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот Индустрија учествуваат со 73,4%.