Според податоците од консолидираниот биланс на успех, компанијата Пелистерка во период од први јануари до 30-ти септември оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.989.000 денари.

Истиот период лани компанијата го заокружи со добивка од 2.595.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30.09.2018 година изнесуваа 348.310.000 денари. Реализацијата на домашен пазар беше 313.867.000 денари, додека на пазари во странство достигна 34.443.000 денари.