PepsiCo забележа одлични резултати во изминатиот квартал, што е индикатор дека загрозениот бизнис на газирани пијалоци на компанијата е во постепено закрепнување. Една од причините за тоа е дуплирањето на промотивните активности на газираните пијалоци со што акциите достигнаа највисоко ниво во последните седум години, јавува Reuters.

Продажбата на пијалоците во Северна Америка падна 0,95%, што е најмал пад за четири квартали, благодарение на тоа што компанијата се “тркаше“ со ривалот Coca-Cola во маркетинг и ценовна политика и лансираше кампања да ја врати во живот продажбата на газирани пијалоци.

Приходот на компанијата порасна за 2,4% на 16,09 милијарди долари од кои 5,19 милијарди долари дојдоа од бизнисот на пијалоци и ги преминаа очекувањата на Вол Стрит.

PepsiCo ги намали трошоците на одборот и повторно ги пушти под франшиза своите операции со пијалоци во Тајланд.

Така, компанијата заработи 1,61 долар по акција со што ги надмина очекувањата на аналитичарите на 1,52 долари по акција.

Фото: Pixabay